ФУДБАЛ

МАКЕДОНИЈА ГО ПОДОБРИ ПЛАСМАНОТ ЗА 33 МЕСТА НА ФИФА РАНГ ЛИСТАТА

6 April, 2017 - 19:04

Македонската фудбалска репрезентација ја подобри позицијата за 33 места и сега е 133 на најновата ранг листа што денеска ја објави ФИФА. Ова е најголем скок на националниот тим во историјата по оној во 1994 та година кога се искачи за 29 позиции.

Ваквиот ранкинг се должи на двете победи во квалификациите против Лихтенштајн и пријателскиот натпревар со Белорусија.

Од нашите противници во квалификациската група за Светското првенство во Русија, Шпанија е најдобро пласирана откако го задржа 10 место, Италија напредуваше за три позиции и сега е 12, додека Израел и Албанија бележат пад од седум места на 63 позиција односно за 12 места на 66 позиција. Лихтенштајн е 189 најслабо рангиран во оваа конкуренција.

На врвот има промени Бразил го п ревзеде лидерското место од Аргентина, а во топ петте репрезентации влегуваат Германија, Чиле и Колумбија.

Веста е прочитана 713 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.