ЕП - У18

МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕГАЗИ КИПАР, ЌЕ РАЗИГРУВА ЗА ПЛАСМАН ОД 9 ДО 16 МЕСТО

3 August, 2016 - 22:11

Кошаркарската репрезентација на Македонија го прекина низот од три порази и ја забележа втората победа на Европското првенство од Б дивизијата за играчи до 18 години што се одржува во Скопје. По овој успех ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место откако ја освои четвртата позиција во А групата.

Во СЦ Борис Трајковски, нашите надежи го декласираа Кипар со 82:54 во последното петто коло од првата фаза благодарение на одличната партија на капитенот Ненад Димитриевиќ, кој мечот го заврши со трипл- дабл. Тој беше стрелец на 23 поени а во својата статистика додаде 10 асистениции и исто толку скокови.

Од самиот почеток јуниорите го најавија триумфот добивајќи ја првата четвртина со 20-13 пред на одморот да заминат со двоцифрено водство од 37:22. Во продолжение ја зголемуваа разликата во своја корист за мечот да го завршат со плус 28 поени.

Покрај Димитриевиќ во македонскиот табор се истакнаа Елвис Хот со 18 поени и Дамјан Крстевски со 12, додека во поразениот тим најдобар стрелец беше Кристос Хаџикостас со 12 поени.

Утре кошаркарите ќе го имаат вториот ден за одмор на шампионатот, пред во петок да започне завршницата во четврфиналето за влез во А двивизијата и разигрувањето за пласман.

Веста е прочитана 230 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.