ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА ГО ЗАВЕРИ УЧЕСТВОТО НА Ф4 ВО ЕЛ

17 June, 2016 - 22:34

Македонската одбојкарска репрезентација со триумф против Данска го завери учеството на завршниот турнир од Европската лига чиј домаќин ќе биде Бугарија на први и втори јули. Во рамките второто коло од А групата вечерва во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, нашиот национален тим славеше со максимален реузлтат од 3:0 (25:19, 25:23, 25:23).

Во третиот сет беше најиентересно бидејќи на водството на Данска од 20:15, македонските одбојкари недозволија да бидат поразени туку со пресврт стигнаа до новиот голем успех трета година по ред да играат на завршницата и да се борат за титулата во ова натпреварување.

Капитенот Никола Ѓорѓиев со 20 поени беше предводник на избраниците на селекторот Жарко Ристовски.

Утре нашиот национален тим во последниот меч се среќава со Бугарија, која на првата средба ја совлада Албанија со ист резултат 3:0.

На табелата, Македонија е прва со 13 бодови, два повеќе од Бугарија. Данска е трета со пет бодови, Албанија последна четврта со еден бод.

Веста е прочитана 290 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.