ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ И БУГАРИЈА

12 June, 2016 - 20:40

Македонската машка одбојкарска селекција   ја забележа и третата победа на стартот од новата сезона  во Европската лига.На турнирот во Варна,националниот тим  во директна пресметка со домаќинот Бугарија, славеше со 3-1 и го освои 1.место во конкуренција и на Данска и Албанија.

 

Вечерва репрезентацијата  што ја предводи селекторот   Жарко Ристоски извојува уште една голема победа.Тимот кој претрпе измени во однос на ланскиот кој настапи во ЕЛ ,за 131. минута ја совлада Бугарија во 4.сета.После голема  борба во првиот сет  и водство на Македонија со  31-29,домаќинот изедначи на 1-1 со 15-25.Следните два сета нашите одбојкари  ги добија  со идентични 25-21.Македонија е домаќин на  вториот турнир што ќе се одвива во Скопје од 16 до 18 јуни по кој ќе бидат познати  учесните   на завршниот Ф 4  од групата А.

Веста е прочитана 347 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.