ФУДБАЛ

МАКЕДОНИЈА НАЈАВУВА ПОБЕДА НА ПРИЈАТЕЛСКИОТ МЕЧ ПРОТИВ БЕЛОРУСИЈА

27 March, 2017 - 19:15

Македонската фудбалска сениорска репрезентација го одржа последниот тренинг пред утрешниот пријателски натпревар на домашен терен против Белорусија. По деби квалификацискиот триумф над Лихтенштајн, нашиот национален тим најавува триумф за зголемување на самодовербата и дополнителен мотив во продолжението од квалификацискиот циклус за СП во Русија 2018. 

Играме пријателски натпревар со Белорусија, но ќе го сметаме како квалификациски. Мора да одиграме мотивирано, иако противникот има подобар рејтинг од нас, за речиси сто позиции на ФИФА ранг-листата. Имаме доволен број на квалитетни играчи, иако  младинските репрезентативци се префрлија во таборот на Благоја Милевски за пријателскиот меч со Бугарија. Дарко Чурлинов е екстра-талент затоа е повикан во репрезентацијата, а верувам дека ова за него ќе биде поттик да игра уште подобро“, изјави селекторот Ангеловски на прес - конференцијата.

Двојниот стрелец од дуелот со Лихтенштајн, Илија Несторовски, се надева на нова добра игра и против Белорусија и верува дека Македонија по подолго време ќе победи на два натпревара по ред

Сакаме да ја потврдиме победата против Лихтенштајн и конечно да врземе два успеха. Се радувам на моите голови, но поважно е Македонија да победува“изјави најдобриот стрелец на Палермо.

Утрешниот натпревар е закажан во 18:00 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. 

Веста е прочитана 800 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.