КОШАРКА

МАКЕДОНИЈА ОД ВТОРИОТ „ШЕШИР“ ЌЕ ГИ ОЧЕКУВА ПРОТИВНИЦИТЕ ЗА МУНДИЈАЛСКИТЕ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ

6 December, 2016 - 17:36

По неуспешните Евроквалификации, македонската кошаркарска репрезентација од вториот „шешир“ заедно со Австрија, Шведска и Бугарија ќе ги очекува противниците во претквалификациската група за пласман на Светското првенство во Кина кое ќе се одржи во 2019 година.

Ждрепката е закажана на 10 декември во Прага каде ќе бидат формирани четири групи од кои три со три и една со четири репрезентации. Првопласираните две селекции од сите четири конкуренции ќе обезбедат место во мундијалските квалификации.

Според квалитетот во првиот „шешир“ се сместени Холандија, Босна и Херцеговина, Естонија и Белорусија, во третиот се националните тимови на Словачка, Португалија, Албанија и Косово, додека во последниот четврти шешир ќе има само една, репрезентацијата на Ерменија, победникот од првенството на мали држави.

Претквалификациите ќе започнат во ноември идната година.

Веста е прочитана 379 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.