ТЕНИС

МАКЕДОНИЈА СТАРТУВА СО ЕРМЕНИЈА

1 March, 2016 - 15:09

Македонската тениска  селекција од утре ги почнува натпреварите во Третата  Европска зона на Дејвис купот.Прв противник на турнирот во Талин е репрезентцаија на Ерменија.

 

На турнирот од Третата Европска зона во Дејвис купот, селекцијата на Македонија ќе игра во Б групата со Ирска,Ерменија и Албанија.Ждрепка се одржа во Талин,Естонија каде ќе се играат  натпреварите и во другите три групи.Македонските тенисери со амбиции за пласман во Втора Европска зона,утре ќе ги вкрстат рекетите  со селекцијата на Ерменија.Победниците од  четирите групи ќе се пласираат во полуфиналето а најдобрите две селекции,финалисти, ќе се промовираат во повисок ранг на Дејвис купот.На турнирот во Талин,Македонија ја преставуваат Томислав Јотовски,Димитар Грабул и Горазд Србљак.Капитен на репрезентацијата е Дејан Маринковиќ.

Веста е прочитана 263 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.