ДЕЈВИС КУП

МАКЕДОНИЈА ПЕТТА ВО ТАЛИН

5 March, 2016 - 19:19

Македонската тениска репрезентација го освои петото место во Третата група од Европската зона во Дејвис купот што се играше во Талин. На последниот меч од турнирот во разигрувањето за пласман, нашиот национален тим славеше против Црна Гора со 2:0. Горазд Србљак го совои првиот поен откако го доби Матија Булатовиќ со 2:0 (6:1 и 6:2), додека Димитар Грабул ја потврди победата по триумфот над Резарт Цунгу на кого му препушти само два гејма во првиот сет.

Македонија и во следната година ќе игра во Третата европска зона во Дејвис Купот откако обезбеди опстанок уште во групната фаза по двете победи против Ерменија и Албанија.

Веста е прочитана 308 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.