ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА ПО ВТОР ПАТ ПОДОБРА ОД АВСТРИЈА

2 August, 2015 - 21:38
Одбојкарска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа против Австрија и вкупно петта во групата од Европската лига откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ исто како и вчера славеше со 3:0 во сетови. Со овој триумф македонските одбојкари се искачија на втората позиција на табелата и си ги зголемија шансите за пласман на завршниот турнир кој ќе се одигра во Полска. Првиот сет заврши со резултат 25:22 иако гостите до средината на сетот водеа, но во завршницата избраниците на селекторот Жарко Ристоски одиграа посигурно и први стигнаа до 25-от поен. Во вториот сет беше 25:19 по што се најавуваше посакуваниот убедлив триумф кој беше потврден сo 25:22 во третиот сет. Табела во групата-А по осум одиграни натпревари: 1.Естонија 23 бодови,2.Македонија 16,3.Полска 15,4.Австрија 9,5.Данска 5,6.Израел 4. 

На 7 и на 8 август  Македонија и гостува на Полска.Потребни се две победи за место на Ф4.
Веста е прочитана 205 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.