КОШАРКА

МАКЕДОНИЈА ПОБЕДИ КАЈ ЛУКСЕМБУРГ

10 September, 2016 - 22:34

После поразот Унгарија , Македонската кошаркарска репрепезентација   вечерва успешно го одигра 4-тиот меч од тековниот квалификациски  циклус.Македонија гостуваше  кај Луксембург и победи со 82-74.Со вториот  триумф во групата,избраниците на селекторoт Драган Раца ги одржуваат минимаlните шанси за пласман на ЕП.На преостаните две средби ќе им бидат потребни победи за освојување на 2.место со добар биланс во однос на другите групи затоа што покрај прворангираните  од седумте групи, на Евро-баскетот патуваат и 4-ри  најдобро второпласирани.Вечерва Луксембург кој е аутсајдер во групата се закани во финишот после извонредната трета   четвртина.Домаќинот  постигна 31 поен во претпоследниот период откако Македонија имаше очекувано солидна залиха на полувремето од 48-33.Луксембург направи пресврт и поведе на стартот од последните 10.минути,но нашиот тим успеа со серија од 6-0 да се врати во водтсво со успешен финиш. Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Костовски со 20 поени, Тревис заврши со 18 коша,Николовски постигна 15. Покрај средбата Луксембург -Македонија ,вечерва  Велика Британија на домашен терен загуби од  Унгарија 80-88. Унгарците  со максимални 8  бодови го обезбедија 1.место.Британија е втора со 6, колку што има и Македонија на третата позиција.Последен со 4  бодови  е Луксембург. Во преостанатите две кола,Македонија на 14 семптември ја пречекува Велика Британија и на 17.09 гостува кај Унгарија.

Веста е прочитана 345 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.