ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА ПОДОБРА ОД ПОЛСКА СО 3:1

8 August, 2015 - 19:20

Македонската одбојкарска репрезентација постигна нова победа во Европската лига откако денеска по вторпат во два дена  ја совлада Полска на нејзин терен со 3:1 во сетови.

Со овој триумф Македонија и конечно ја освои втората позиција на табелата во групата, а со тоа ги задржа шансите за пласман на завршниот турнир.

Резултат по сетови: 25:15; 23:25; 19:25 и 22:25.

Полските одбојкари поведоа со 1:0, а потоа Македонија заигра многу подобро и  најпрво  израмни на 1:1, а потоа го сврти резултатот во своја полза за конечни 3:1 во сетови.

Со оваа победа Македонија сега има 21 бод и за пласман на Ф4 во Полска неопходно е Грција да ги загуби двата меча на гостински терен против Словенија со по 3-0 или 3-1, односно да не освои ниту еден бод

Веста е прочитана 279 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.