ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА ПРЕСИЛНА ЗА ИЗРАЕЛ

18 July, 2015 - 22:33

Македонската одбојкарска репрезентација ги освои првите три бода во европската лига откако на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ го совлада Израел со 3 - 0 (25:13, 25:18, 25:18) во третото коло од А групата.

Во недела, Македонија повторно се среќава на домашен терен со Израел на истата локација со почеток од 17 часот и 30 минути.

На вториот меч од оваа конкуренција, Естонија вторпат ја совлада Полска, овојпат со 3:1 и се зацврсти на првата позиција на табелата со максимални четири победи.

Веста е прочитана 161 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.