ЕВРОЛИГА

МАКЕДОНИЈА СЕ НАМАЧИ СО АЛБАНИЈА, ОДЛОЖЕНА ПРОМОЦИЈАТА НА Ф4

17 June, 2016 - 01:14

Македонската одбојкарска репрезентација пропушти шанса да се пласира на „фајнал фор“ турнирот во Европската лига откако освои само два од потребните три бода во триумфот над Албанија од 3:2 во рамките на четвртото коло од вториот турнир чиј домаќин е Скопје. Во СЦ „Борис Трајковски“ гостите на двапати имаа водство од 1:0 и 2:1 пред нашиот национален тим да направи пресврт и петиот сет да го добие со 15:10 за четвртиот триумф од исто толку натпревари сезонава.

Нашиот национален тим е лидер во А групата со 10 бодови, два повеќе од Бугарија која направи одлична работа по триумфот над Данска од 3:1. Скадинавците се трети со пет бодови и намалени шанси за пласман на завршницата. Албанија е последна четврта со еден бод.

Македонија за противник на вториот ден од турнирот во Скопје ќе ја има Данска, додека Бугарија се среќава со Албанија.

Веста е прочитана 280 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.