КОШАРКА

МАКЕДОНИЈА СО ПОРАЗ ОД УНГАРИЈА ГИ ЗАВРШИ ЕВРОКВАЛИФИКАЦИИТЕ

17 September, 2016 - 19:28

Македонската кошаркарска репрезентација загуби во Солнок од домашната репрезентација на Унгарија со 63:61 и со четири загубени натпревари и само две победи против Луксембург во Г-групата неуспешно ги заврши квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година.

„Црвено-жолтите“ денеска одиграа добро само еден дел од првата четвртина која ја добија со 25:18, а потоа Унгарците беа подобри. Во вториот период со 14:12, во третиот со 14:9, а во последниот со 17:15.

Најефикасни во нашиот национален тим беа Александар Костоски со 18, Марјан Јаневски со 14 и Војдан Стојановски со 10 поени.

Пред комплетирање на последното коло Унгарија е прва со максимални шест победи, Велика Британија има ефект 3-2, Македонија 2-4 и Луксембург 0-5 (победи-порази). 

Веста е прочитана 316 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.