КОШАРКА

МАКЕДОНИЈА СОВЛАДАНА ВО ЛОНДОН

3 September, 2016 - 21:47

Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да го помине првиот сериозен квалификациски испит, клучен во борбата за пласман на Евробаскетот во 2017 година. Во „Копер Бокс“ арената во Лондон, доживеа пораз на гостувањето кај Велика Британија, која славеше со 96:79, во второто коло од групата Г.

Освен првиот период кој го добил нашиот национален тим со 30:28, преостанатите три резултатски завршиле во корист на домашната репрезентација.

Квалификациите за континенталниот собир продолжуваат во среда на седми септември кога во Кавадарци Македонија ќе и биде домаќин на Унгарија. 

Резултати, Г група - 2. коло

В. Британија - Македонија   96:79

Унгарија - Луксембург  89:64

Табела:

1. Унгарија       4 бодови

2. В. Британија  3

3. Македонија    3

4. Луксембург    2

Веста е прочитана 368 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.