ЕВРОЛИГА

МАКЕДОНИЈА ТРИУМФАЛНО ГО ЗАВРШИ ТУРНИРОТ ВО СКОПЈЕ

18 June, 2016 - 21:54

Македонската одбојкарска репрезентација со триумф над Бугарија од 3:1 го заврши вториот турнир во Европската лига што се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во рамките на третото коло од Е групата, нашиот национален тим за шестата победа од исто толку средби направи пресврт откако одговори на водството на источниот сосед од 1:0 по 25:18 во првиот сет, добивајќи ги наредните три со 25:21, 25:23 и 27:25.

По двата турнира во А групата, нашиот национален тим беше најуспешен и заврши на првата позиција со 16 бодови пред Бугарија со 11. Данска е трета со осум бодови, по триумфот од 3 - 0 над Албанија, која заврши последна четврта со еден бод.

Македонија и Бугарија, која ќе биде домаќин, ќе учествуваат на фајнал фор турнирот во Варна, закажан на први и втори јули.

Веста е прочитана 231 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.