СП

МАКЕДОНИЈА ВО ОСМИНАФИНАЛЕ ПО РЕМИТО НА ТУНИС ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА

17 January, 2017 - 19:51

Словенија и Тунис одиграа нерешено 28:28, во првиот меч од четвртото коло во Б групата, резултат што му одговара на македонскиот национален тим и го промовира во осминафиналето на Светското првенство во Франција.

Избраниците на Веселин Вујовиќ успеаа во финишот од средбата да го спречат африканскиот тим да победи, условот што и беше потребен на Македонија уште вечерва да го обезбеди едно од четирите места во оваа конкуренција во пресрет на двата меча, утре против Шпанија и еден ден подоцна против Исланд.

Словенија ја заврши работата, па сега останува на македонските репрезентативци сами да одлучат на која позиција ќе ја завршата првата фаза. Влезот во Топ 16 и четвртото место е резервирано па до крајот доколку сакаат условно полесен противник во осминафиналето ќе треба да забележат една победа за третото место.

Можеби на првата средба против Шпанија ќе биде потешко изводливо, но тоа веројатно ќе да биде случај против Исланд во четврток.

Веста е прочитана 1393 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.