СП

МАКЕДОНИЈА ЗА ВТОРИОТ ТРИУМФ БЕШЕ УБЕДЛИВА ПРОТИВ АНГОЛА

15 January, 2017 - 19:37

Македонската репрезентација ја постигна и втората победа на ракометниот мундијал во Франција откако ја совлада Ангола со 31:22 (14:9) во второто коло од Б групата.

На почетокот од дуелот нашите ракометари имаа минимално водство пред се благодарение на добрата одбрана бидејќи во нападот правеа многу грешки, а Ангола првиот гол го постигна во 8.минута. Но, слабата реализација продолжи и Ангола во 18.минута изедначи (5:5), по што селекторот Лино Червар мораше да побара тајм аут. Промена на резултатот немаше до 9:9 (24.минута) и Македонија секогаш имаше минимално водство. До крајот на првиот дел направивме серија од 5-0 за водство на полувремето од 14:9.

На почетокот на вториот дел Македонија во напад играше „7-6“, но следуваа грешки и Ангола го намали водството постигнувајќи три гола кога Македонија беше без голман. Брзо се врати Македонија во игра со серија од 4-0 и поведе со +6 (19:13). Нашата репрезентацијата првото двоцифрено водство го имаше во 51.минута – 25:15.

Најефикасен на дуелот беше Кирил Лазаров со 10 голови.

Во следното коло Македонија во понеделник (17:45 часот) ќе игра против Словенија.

Резултати 2. коло - Б група:

Македонија - Ангола 31:22

Словенија - Исланд 26:25

Шпанија - Тунис со 26:21

Табела:

1. Словенија 4 бодови

2. Македонија 4

3. Шпанија 4

4. Исланд 0

5. Тунис 0

6. Ангола 0

Веста е прочитана 695 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.