КОШАРКА

МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД БИХ И ГО ОСВОИ ПОСЛЕДНОТО МЕСТО

19 August, 2016 - 23:08

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација со втор пораз се прости од турнирот турнирот „Трофеј Македонија“ што во изминатите три дена се играше во Скопје. Во СЦ „Јане Сандански“ избраниците на селекторот Драган Раца загубија од Босна и Херцеговина со 75:69 во последното третото коло.

Нашиот национален тим турнирот го заврши со скор од една победа и два пораза, што е доволно за последното место со оглед на тоа што Босанците со првиот триумф во третиот меч ќе бидат претпоследни трети. Белгија на крајот испадна како севкупен победник бидејќи на првиот меч од третото коло ја совлада Црна Гора со 87:81 по едно продолжение откако во основниот дел немаше победник по 40 минути заврши 67:67.

Босанците беа подобри во текот на целиот меч освен во третиот период кога „црвено жолтите“ се обидоа да го направат потребниот исчекор и да стигнат до потребниот триумф од плус шест. Тоа не беше доволно бидејќи гостите успеаа да се вратат и да го обезбедат првиот успех на турнирот сокој го избегнаа фенерот.

Прв стрелец кај Македонија беше Ромео Тревис со 16 поени, два помалку запиша Александар Костовски, а двоцифрени беа и браќата Војдан Стојановски со 11 и Дамјан Стојановски со 10 поени. Во победничкиот тим Мирза Телетовиќ беше најефикасен на средбата со 26 поени.

„Трофејот Македонија“ го организазираше македонската кошаркарската федерација во рамките на подготовките за претстојниот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во 2017 година. 

Веста е прочитана 320 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.