КОШАРКА

МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД УНГАРИЈА, ЕВРОБАСКЕТОТ ГО СВЕДЕ НА ТЕОРИЈА

7 September, 2016 - 22:49

Македонската кошаркарска репрезентација не го поправи впечатокот и втора средба по ред доживеа пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017 година. На домашен терен во салата „Јасмин“ во Кавадарци беше надиграна од Унгарија со 76:66 во третото коло од Г групата.

Во решавачките 10 минути македонските репрезентативци потфрлија а тоа го искористија гостите кои беа подобри со 28:18 за третиот триумф од исто толку натпревари по што со една нога веќе се на континенталниот собир закажан за идната година, додека Македонија шансите ги сведе на теорија.

Војдан Стојановски со 16 поени беше најефикасен кај „црвено жолтите“, Ромео Тревис постигна 12 поени и 12 скокови, додека кај гостите Војвода беше прв стрелец на средбта со 27 поени.

Велика Британија очекувано славеше над Луксембург 95:72 во вториот меч од Г групата каде Унгарија остана лидер со максимални шест бодови. Еден помалку на втората позиција има Велика Британија, Македонија е трета со четири. Луксембург остана последен четврти со три бода.

Во следното четврто коло, во сабота, на 10 ти септември, Македонија му гостува на Луксембург, додека во Лондон Велика Британија ја пречекува Унгарија. 

Веста е прочитана 282 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.