КОШАРКА

МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД В.БРИТАНИЈА,КРАЈ НА НАДЕЖИТЕ ЗА ЕП

14 September, 2016 - 23:34

Македонската кошаркарска  репрезентација дефинитивно го пропушта Евробаскетот  во 2017 година. Вечерва   избраниците на селекторот Драган Раца  загубија од   Велика Британија со 62-89.Убедливиот пораз во Кавадарци  ги урна и теоретските шанси за опстанок во пресрет на последното коло  од квалификациите.Освен почетното водтсво и обидот да се фати приклучок во 3-та четвртина,сениорите беа во подредeна улога.Очајно 1.полувреме и бледите минути од последниот период, резултираа со тежок пораз и сознание дека  е прекинат континуиетот на учества на ЕП-ва.Мечот со Унгарија во последното коло од групата Г ќе биде само формалност. Кирил Николовски сo 17 поени и Војдан Стојановски со 15 поени беа најефикасни во редовите на Македонија.Даниел Кларк со 21 кош ја предводеше Велика Британија до потвдра на 2.место во групата.Вечерва Унгарија со 68-65 го совада Луксембург за максимален скор од 10 боодви после 5.коло.

Веста е прочитана 295 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.