КОШАРКА

МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ВО ТАЛИН, ЕСТОНИЈА ВО ПРИШТИНА ЌЕ НИ РЕШАВА ЗА СЛЕДНАТА РУНДА

16 August, 2017 - 22:04

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа третиот пораз во групата Ц во претквалификациите за Светското првенство во 2019 година. Македонија загуби на гостувањето во Талин од Естонија со 74:65 (16:18; 25:23; 13:14; 20:10). Со оваа победа Естонија го обезбеди првото место во групата и пласманот во мундијалските квалификации.

За Македонија да се пласира на второто место во групата потребно е на дуелот од последното коло во Ц групата во сабота Приштина Естонија да го победи Косово во Приштина.

Нашите кошаркари беа рамноправни во првите 30 минути и на крајот од третиот период водеа со 55:54. Но, слабата игра во нападот во последниот период на Естонија и донесе победа.

Џордан Теодор со 19 поени и Војдан Стојановски со 18 беа најефикасни кај Македонија, додека за Естонија Стен Сок постигна 15 поени.

Табела:

1. Естонија 3-0 (победи-порази)

2. Македонија 1-3

3. Косово 1-2    

Веста е прочитана 1234 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.