СП РАКОМЕТ

МАКЕДОНИЈА ЗАКАЖА МЕЧ ПРОТИВ НОРВЕШКА ВО ОСМИНАФИНАЛЕ ПО РЕМИТО СО ИСЛАНД

19 January, 2017 - 20:19

Македонската ракометна репрезентација ја исполни задачата и по ремито со Исланд 27 - 27 во петото последно коло од првата фаза го освои третото место во Б групата што значи го избегна домаќинот Франција и обезбеди меч против Норвешка во осминафиналето на Светското првенство.

Првото реми на мундујалот беше остварено во последните 15 минути од средбата кога на водството на Исланд од 24 - 19, македонските репрезентативци сос ерија од 8 - 3 собраа сили да го избегнат третиот пораз.

Натпреварот со Исланд македонските ракометари одлично го почнаа и по седум минути водеа со 4-0. Во тие моменти одбраната функционираше беспрекорно, а во нападот се погодуваше од сите позиции. Следуваа три лоши минути со технички грешки, серија од 5-0 за Исланѓаните и преземање на водството кое го зголемија до максимални плус три (9:6). Во 23.минута резултатот беше нерешен 11:11, за до крајот на првиот дел Исланд повторно да отиде на плус два (15:13).

„Црвено-жолтите“ лошо го отворија вториот дел и му дозволија на ривалот во 37.минута да има максимални пет голови предност 20:15. Македонија не се предаваше и на седум минути до крајот успеа да намали на само еден гол 24:25, а веќе во 56. минута резултат беше израмнет 25:25, а потоа во два наврата и водство, за на крајот да стигне до посакуваниот бод.

Најдобриот стрелец во досегашниот дел од Мудијалот, Кирил Лазаров и вечерва беше најефикасен во македонскиот состав со седум голови. Во исландската репрезентација најзабележителен беше Рунар Карасон исто така со седум погодоци.

Веста е прочитана 757 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.