ДЕЈВИС КУП

МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНА СО ТРИУМФ НАД ЕРМЕНИЈА

2 March, 2016 - 19:08

Тениската репрезентација на Македонија со победа над Ерменија од 3:0 ги почна натпреварите во рамките на Третата Европска зона од Дејвис купот што се игра во Талин, Естонија.

Во првиот меч од групата Б, Димитар Грабул го совлада Микаел Седрак Кхахатријан со максимални 2:0 препуштајќи му само четири гејма во првиот сет. Во вториот меч победата ја потврди Томислав Јотовски беше поуспешен од Микаел Аветисјан во два сета со 6:4 и 6:2.

Во конкуренција на двојки третиот поен за Македонија го обезбедија Грабул и Јотовски кои беа подобри ос Аветисјан и Хенрик Никогсјан.

Во вториот дуел од оваа конкуренција, Република Ирска ја совлада Албанија со 2:0.

Утре во рамките од второто коло Македонија ќе игра против Албанија. 

Веста е прочитана 242 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.