КОШАРКА

МАКЕДОНСКИТЕ НАДЕЖИ УБЕДЛИВО ПОРАЗЕНИ ОД ЦРНА ГОРА

16 July, 2016 - 18:50

Младинската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години го доживеа првиот пораз на Европското Првенство – Б дивизија што се одржува во Халкида. По вчерашниот успех над Ерменија, избраниците на селекторот Љупчо Малинков немаа сили за изненадување против фаворитот Црна Гора и загубија со 67:44 (30:24), во второто коло од А групата.

Андреј Магдевски со 13 поени беше најефикасен во младинската репрезентација, пред Андреј Цветковски со 10 и Виктор Ефремовски со шест поени.

Македонските надежи утре се среќаваат со Грузија, која денеска беше слободна, а на првиот меч од ова коло Португалија славеше против Ерменија со 70:54.

Веста е прочитана 277 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.