КОШАРКА

МАКЕДОНСКИТЕ НАДЕЖИ ВРЗАА ТРЕТ ПОРАЗ, ЌЕ РАЗИГРУВААТ ЗА ПЛАСМАН ОД 9 - 16 МЕСТО

20 July, 2016 - 18:23

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија (20 години) го загуби и последниот натпревар од групната фаза во Б дивизијата на Европското првенство, што се одржува во Халкида, Грција. Тоа значи дека ќе разигрува за пласман од деветото до 16 место.

По убедливите порази од Црна Гора и Грузија, македонските надежи беа надиграни и од врзниците на Португалија со 63:54, по што нашите младинците групната фаза ја заврши на претпоследното четврто место со само еден триумф над последнопласираната Ерменија.

Вообичаено избраниците на селекторот Љупчо Малинков и овој меч го започна очајно па во првите десет минути постигнаа само седум поени, а противникот 16, девет разлика што се покажа и како конечна на крајот од натпреварот. 

Филип Бакоч со дабл-дабл учинок беше најзабележителниот играч во нашата селекција завршувајќи го мечот со 10 поени и исто толку скокови, а десет поени придодаде и Милан Милков.
 
Во продолжение на првенството Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место. 

Веста е прочитана 295 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.