СП РАКОМЕТ

МАНАСКОВ ПРЕДВРЕМЕ ГО ЗАВРШИ НАСТАПОТ НА МУНДИЈАЛОТ ВО ФРАНЦИЈА

20 January, 2017 - 19:43

Иако првичните информации од Мец беа смирувачки, сепак, последната вели дека Дејан Манасков нема да може да го продолжи Светското првенство, односно да игра на утрешнит осминафинален меч против Норвешка. 

Лекарските прегледи покажале дека Манасков има руптура (скинат) мускул, повреда поради која ќе мора да паузира околу два месеца.

Останува да се види дали лекарскиот тим ќе го оспособи Филип Миркуловски кој според првичните информации беше далеку понеизвесен од Манасков или пак и тој нема да може да им погне на црвено-жолтите во обидот да го остварат најдобриот пласман на Светските првенства. 

Селекторот Лино Червар за утрешниот меч во составот ќе вметне нов играч, а кој ќе добие шанса останува да се види. 

Мечот помеѓу Македонија и Норвешка ќе се игра утре со почеток од 16 часот во Албервил. 

Веста е прочитана 747 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.