РАКОМЕТ

МАНАСКОВ ВО ВЕСПРЕМ ЕДНА СЕЗОНА

17 March, 2017 - 14:34

Дејан Манасков заминува од Рајн Некар Левен и се сели во Веспрем откако она што извесно време се шпекулираше денеска доби и официјална потврда од унгарскиот првак.

Македонскиот репрезентативец со Веспрем потпиша едногодишен договор со важност до 30 јуни 2018 година.

Манасков лани од Вардар замина во Рајн Некар Левен, каде сезонава немаше голема минутажа покрај Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон и се очекуваше ваквата промена на средината.

Кормилото на Веспрем од летово го презема Љубомир Врањеш кој го составува тимот во кој влегува и македонското крило.

Веста е прочитана 1111 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.