ТЕНИС

МАРЕЈ И РАОНИЌ ФИНАЛИСТИ НА ВИМБЛДОН

8 July, 2016 - 21:20

Британецот Енди Мареј и канаѓанецот Милош Раониќ се финалисти на традиционално третиот Грен слем турнир од сезоната.Вториот носител и прв фаворит после елиминацијата на Новак Ѓоковиќ ,одигра перфектен меч против Томаш Бердих.Мареј кој во 2013-та им ја донесе на  британците првата титула  на Вимблдон после 77 годишен пост, славеше над  чехот во три сета.Бердих во деветтиот пораз од меѓусебните дуели во Мареј освои по три гејма во  трите  полуфинални  сета и не успеа да ја повтори 2010 кога беше финалист на терените на Ол  Ингланд клубот.Со извонредната полуфиналната  партија,Мареј  покажа капацитет за трет  Грен слем трофеј во кариерата.На спротивната страна од мрежата во неделното финале,британецот ќе го има Милош Раониќ.Канаѓанецот  излезе од сенката на аутсајдер  и  во првото полуфинале  го изненади   Роже Федерер со 3-2 во сетови.Седумкратниот шампион  на Вимблдон не го искористи водтсвото од 2-1 а  со тоа уште една шасна да се издвои од Сампрас и Реншоу  на листата најуспешни на славниот  тениски терен.Раониќ  кој за прв пат го победи Федерер на турнир од Големата четворка  и во меч  на трева, се избори и за премиерно  Грен Слем финале во кариерата.Машкото  финале на Вимблдон  ќе се одвива  во недела,утре во женскиот дел на турнирот за титула ќе играат Серена Вилијамс и Анжелик Кербер. 

Веста е прочитана 337 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.