ТЕНИС

МАРЕЈ СО ПРЕСВРТ ЗАКАЖА НОВО ФИНАЛЕ СО ЃОКОВИЌ

29 January, 2016 - 18:11

Без изненадување во второто полуфинале на првиот Грен слем тениски турнир Отвореното првенство на Австралија. Во Род Лејвер арената Енди Мареј успеа да го совлада Милош Раониќ во маратонскиот меч со 3: 2 за нешто повеќе од четири часа игра и во недела против Новак Ѓоковиќ, во реприза од ланското финале закажа меч за прва титула во Мелбурн парк.

Мечот почна со водство на Раониќ, кој го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет Мареј успеа да изедначи добивајќи го сетот со 7:5 во гемови. Третиот сет во тај брек со 7:6 (7:4 на поени) го доби Раониќ, а Мареј изедначи откако го доби следниот сет со 6:4 во гемови. Во решавачкиот беше 6:2 за Мареј, а Раониќ по повеќе од четири часа го загуби мечот, а во последниот сет имаше и проблеми со повредата на препоната.

За Мареј ова ќе биде петто учество во финалето во Мелбурн, а претходните четири меча ги загуби.

Утре во женското финале ќе играат Серена Вилијамс и Анжелик Кербер. 

Веста е прочитана 238 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.