ВИМБЛДОН

МАРЕЈ ВТОРПАТ ВО КАРИЕРАТА ГО ПОДИГНА ПЕХАРОТ ВО „СЕАНГЛИСКИОТ КЛУБ“

10 July, 2016 - 19:33

Британскиот тенисер Енди Мареј ја освои грен слем титулата на Вимблдон вторпат во својата кариера. Вториот рекет во светот на финалниот меч беше сигурен против Милош Раониќ од Канада кого го совлада со максимални 3:0 (6:4, 7:6(7-3) и 7:6 (7-2)).

По победата во мечот, кој траеше речиси три часа Мареј, води со 7:4 во меѓусебните дуели против Канаѓанецот. За Мареј ова е втора титула на Вимблдон по 2013 година или вкупно трета од Грен слем турнирите за која заработи два милиона фунти.

Раониќ се задоволи со половина од таа сума во неговото прво грен слем финале во кариерата. 

Веста е прочитана 333 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.