РАКОМЕТ

МЕЧОТ СО НЕКСЕ КАКО ЗАГРЕВАЊЕ ЗА ВАРДАР ПРЕД НАСТАПИТЕ ВО ЛШ

2 February, 2017 - 20:03

Македонскиот шампион ја оправда улога на фаворит и со 37-29 во СЦ Јане Сандански го победи Нексе во натпревар од регионалната,Сеха лига.

  

Гостите од Хрватска се покажаа како незгоден противник,одиграа солидно прво полувреме, но во вториот дел беше евидентна разликата во квалитет.Во првиот  натпревар после зимската  пауза и СП во Франција,Вардар имаше  стартна предност и солидно водство од 8-4 во 12 минута.Нексе  успеа да остане во игра.Екипата од Нашице го имаше првото израмнување од 13-13 во 26 минута и на паузата Вардар замина со минимално водствто од 17-16.Домашниот тим во СЦ Јане Сандански го забрза темпото во средина на вториот дел и се оддалечи на плус пет голови  во 47 минута за мирен ,победнички финиш од 37-29.Во 16 триумф сезонава во Сеха лигата,кај Вардар 11 ракометари се запишаа на листата стрелци,предводени од Иван Чупиќ кој постигна  8 голови,пет од седмерци и од Дибиров кој запиша 6 погодоци.На голот,Ангелов имаше 15  одбрани.Вардар настапи без Циндриќ,Милиќ и Рожерио.На табелата македонскиот првак е лидер со 41 бод .За потврда на 1.позиција пред  Фајнл фор тунрирот ,на скопскиот  тим му е потребна една победа од преостанатите два меча,гостувањата  кај Горење и Извиѓач.Во ЛШ,Вардар на 11 февруари го пречекува Загреб.

Веста е прочитана 953 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.