РАКОМЕТ

МЕТАЛУРГ ГО ПРЕЧЕКУВА ЗАГРЕБ,ЧЕРВАР ДЕМАНТИРА ПРЕГОВОРИ ЗА СЕЛЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА КАЈ ХРВАТСКА

6 February, 2017 - 15:25

На мечот со Загреб што ќе се игра во среда од 17.45 во  СЦ Борис Трајковски,а ќе биде  прв за Металург на домашен терен во пролентата полусезона, македонскиот вице шампион има  за цел  да остави многу подобар впечаток од неодамнешното гостување кај унгарски  Веспрем каде претрпе пораз од 33-21.Новото искушение  во регионалната Сеха лига носи нов предизвик со квалитетен противник кој ја има улогата на фаворит,сметаат од стручниот штаб на Металург.

 „Играме со Загреб, кој исто така е фаворит. Сакаме да се „рестартираме“ по вчерашното тешко патување, да се покажеме во добро светло. Не треба многу да се претставува противникот. Се знае нивниот квалитет, имаат ѕвезди како Шебетиќ, Мандалиниќ, тука е Вори, браќата Валчиќ... Се надевам дека ќе добиеме поддршка од нашите навивачи на домашен терен. Сите ракометари се здрави, имаме проблем само со Гуглета кој има проблем со рамото, Младеновиќ полека се враќа. Фокусирани сме за Загреб, за среда. Имаат цврста одбрана, играат 6-0 и 5-1. Ќе се обидеме да го користиме Кузмановски и во одбраната на овој натпревар“-изјави Лино Червар,тренер на РК Металург

На денешната прес конференција,Лино Червар кој покрај Металург го  предводи  Македонскиот машки тим,  ги демантираше  шпекулациите дека  преговарал за местото селектор кај  Хрватска.

 Да се нудам на Хрватска со 66 години тоа е срамота, веројатно некој ме сака со сите тие медали, инаку мислам дека е понижување за мојата професија сам да се нудам. Осум години сум во Македонија. На оние кои ме почитуваат не требам да им објаснувам, а на оние кои не ме почитуваат, не можам ниту да им објаснам ниту да го променам нивното мислење. Нема некој што може да ми го одземе правото да ја сакам мојата прва татковина Хрватска и мојата втора татковина Македонија. Македонија е мојот втор дом. Логично е дека моето име ќе се споменува во јавноста, но никогаш во ниту еден момент со Хрватска не сум имал службен разговор, затоа што го почитувам мојот клуб Металург и неговиот сопственик Минчо Јорданов, ја почитувам и РФМ и претседателот Живко Мукаетов.  Не сакам да разговарам за Хрватска, ако веќе не сум разговарал со мојот клуб и РФМ-заврши Червар. 

Веста е прочитана 1132 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.