СЕХА ЛИГА

МЕТАЛУРГ ГО ПРЕКИНА НЕГАТИВНИОТ НИЗ, МУ ОДРЖА ЛЕКЦИЈА НА ЗАГРЕБ ВО СКОПЈЕ

8 February, 2017 - 20:50

По осми ноември минатата година кога последен пат славеше над Извиѓач, Металург конечно го прекина негативниот низ во ракометната СЕХА лига. На домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ го совлада фаворизираниот Загреб со 25:22 откако на претходните пет средби доживеа пет порази по ред, сите од гостински терен.

Хрватскиот првак го отвори мечот со предност од 7:3 пред тимот од Автокоманда по неколкуте одбрани на Мартин Томовски да фати приклучок и на одмор да замине со израмнет резултат 10:10. Четвртиот триумф во 15 меч од Регионалното натпреварување македонскиот претставник го обезбеди во второто полувреме кое го доби со 15:12.

За овој триумф најзаслужен беше голманот Томовски, кој мечот го заврши со 15 одбрани, додека Филип Кузмановски и Немања Обрадовиќ, двајцата со пет голови беа најдобри стрелци. Во спротивниот табор кај Загреб Стипе Мандалиниќ беше најефиксен на средбата со седум голови.

На Металург му остануваат уште три меча до крајот од регуларниот дел на сезоната. На следниот за последен пат ќе биде домаќин на 21 февруари кога ќе го пречека Горење од Велење.

Веста е прочитана 950 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.