РАКОМЕТ

МЕТАЛУРГ МУ СЕ РЕВАНШИРАШЕ НА ГОРЕЊЕ

21 February, 2017 - 21:43

Металург го победи Горење со 28-25  и со петтиот  триумф сезонава во Сеха лигата го затвори натпреварувачкиот дел пред домашна публика.До крајот на сезоната,Металурзите ќе гостуваат кај Извиѓач и Нексе.

 

Денешниот  меч на националните вицешампиони во СЦ Борис Трајковски  го доби македонскиот претставник кој успеа да направи пресврт во второто полувреме.Составот што го води Лино Червар  имаше солиден старт.Во почетните шест минути,  фаворизираниот тим на  Горење не успеа да ја наметне својата,но во продолжение,гостите сепак  беа во  постојана  предност,14-15 на полувремето која кулминираше во вторите 30.минути.Екипата од Словенија  неколкупати   стигна и  до  четири  голови разлика,.но со извонреден ритам во завршните минути ,Металург му се одмазди на противникот за поразот во Велење.Вања Илиќ со постигнати седум голови беше најефикасен кај Металург.По пет погодоци поделија Кузмановски и Обрадовиќ,Петров запиша 3 а по два гола реализираа Гуглета,Велковски и Неловски.Грегор Поточник  од редовите на Горење беше најефикасен  на мечот со 8 голови.Металург е шести на табелата со 16 бодови,Горење на 8.место има 12.

Веста е прочитана 973 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.