РАКОМЕТ

МЕТАЛУРГ ПРИРЕДИ СЕНЗАЦИЈА ВО АВТОКОМАНДА

2 April, 2017 - 20:03

Металург приреди сензација на стартот од разигрувањето за шампионската титула во ракометното првенство. Пред своите гледачи во исполнетата сала „Автокоманда“ направи подвиг совладувајќи го големиот ривал Вардар со 29:26, во првото коло од Супер лигата.

Уште еднаш сезонава младиот домашниот тим кого го предводи хрватскиот стратег Лино Червар подржан со неколку странски засилувања покажа дека може да се носи со актуелниот првак откако на претходните две средби сезонава во СЕХА лигата беше рамноправен противник.

Немања Обрадовиќ беше прв стрелец на средбата со 10 ет голови од таборот на Металург, додека кај гостите Иван Чупиќ реализираше шест.

Вечера на останатите две средби од првото коло, Пелистер беше подобар на гостувањето кај Борец со 33 – 29, додека Охрид пред своите гледачи го совлада Еурофарм Работник со 28 - 23.

Веста е прочитана 1096 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.