РАКОМЕТ

МЕТАЛУРГ СЕ СПАСИ ОД ПОРАЗ ВО ЉУБУШКИ ЗА РЕМИ СО ИЗВИЃАЧ

28 February, 2017 - 20:09

Металург вторпат сезонава ремизираше во ракометната СЕХА лига. На гостувањето во Љубушки одигра нерешено со фенераџијата Извиѓач 24:24 во претпоследниот меч од Регионалната конкуренција.

Александар Гуглета и Вања Илиќ со два погодока во последните 30 секунди го спасија тимот од „Автокоманда“ од пораз. Претходно Металург го контролираше резултатот се до до половина од второто полувреме кога по водството од 19:15 домаќинот одговори со серија од 6:0 и обезбеди позитива од два гола 21:19 на шест минут пред крајот. која не успеа да ја задржи.

Немања Обрадовиќ со шест голови беше најдобар стрелец, Илиќ и Жарко Пешевски постигнаа по пет. Во домашниот тим Анте Грбавац беше најефикасен со пет голови.

Металург е шести на табелата со 17 бодови два повеќе од седмопласираниот Нексе со кого на седми март ќе го одигра последниот меч во регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата.

Веста е прочитана 682 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.