РАКОМЕТ

МЕТАЛУРГ СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА НАД Ч.МЕДВЕДИ ЈА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА ВО ЛШ

12 February, 2017 - 19:23

Металург со убедливи 31-24 над рускиот претставник Чеховски Медведи   пред домашна публика во СЦ Борис Трајковски ја заврши сезоната во Лигата на Шампиони на ЕХФ.Петтиот триумф од десетте меча во групната фаза на Лигата  е билансот на македонскиот вице првак во тековната сезона каде со млада екипа, претходно на два пати  славеше над Елверум,против Ла Риоха и над  Татран Прешов. Денешнот завршен меч во групата Ц каде пласманот кон врвот  од табелата за продолжение на ЛШ  беше  недостижен  за Металург после есенскиот дел,мина во целосна доминација на македонскиот тим.Екипата од Автокоманда ја најави победата ,откако се серија од 3-0 го отвори дуелот со Чеховски Медведи.15-10 после првите 30.минути,навестија рутина за екипата на Лино Червар во вториот дел.Металург стигна и до девет голови разлика во финишот и  крајни 31-24. Вања Илиќ  и Немања Обрадовиќ постигнаа по седум погодоци  за Металург, Жарко Пешевски реализираше  четири, а по три гола постигнаа Кузмановски, Костески и Гуглета.

Веста е прочитана 984 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.