ФУДБАЛ

МИЛЕВСКИ ПАРАЛЕНО ЌЕ ВОИГРУВА ДВА ТИМА НА КОНТРОЛИТЕ СО ЦРНА ГОРА И БУГАРИЈА

14 March, 2017 - 19:08

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година Благоја Милевски денеска објави два одделни состава кои паралелно ќе ги воигрува на пријателските средби против Црна Гора односно Бугарија закажани кон крајот на овој месец. 

„За мене како селектор квалификациите за пласман на ЕП 2019 во Италија започнуваат со натпреварот против Црна Гора. Дуелот против Црна Гора ќе го искористиме како последна проверка на потенцијалот на одредени фудбалери, посебно на оние кои не беа дел од селективните кампови поради објективни причини. Ова е вистинска шанса за Доријан Бабунски, Бенјамин Демир, Давид Атанаскоски, Никола Кулески, Стефан Јефтовски и Таулант Сефери да ги потврдат своите квалитети и да докажат дека можеме да сметаме и на нив на идните квалификациски пресметкиизјави Милевски, кој на 19 март ќе прозива во пресрет на дуелот со Црна Гора закажан на 24 март во Скопје.

„За жал не бев во можност да го повикам Калвин Н`Сомбо поради фактот што нема клупски ангажман во моментов, сенадевам дека во блиска иднина ќе го реши својот статус и повторно ќе биде во конкуренција за репрезентативен настап“додаде предводникот на Македонија до 21 година. 

Четири дена подоцна на 28 март против Бугарија ќе играат репрезентативците кои ќе настапат на ЕП во Полска. Тие ќе бидат дополнети со неколкумина од А репрезентатацијата по одигрувањето на квалификациската средба со Лихтенштајн.

Ова ќе биде можеби и последен тест пред Европското првенство и затоа сите треба максимално сериозно да ја сфатиме задачата и на овој натпревар да одиграме на нивото од квалификациите и да го задржиме односот кон македонскиот дрес нешто што ја краси оваа селекција“истакна Милевски. 

Веста е прочитана 682 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.