ФУДБАЛ У21

МЛАДИНЦИТЕ ГИ ДОБИЈА ПРОТИВНИЦИТЕ ВО НОВИОТ ЦИКЛУС КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ПЛАСМАН НА ЕП

26 January, 2017 - 15:51

Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар во групата седум ќе и бидат противници на македонската младинска фудбалска репрезентација во новиот циклус квалификации за пласман на Европското првенство во 2019 година што ќе се одигра во коорганизација на Италија и Сан Марино.

Силна и квалитетна но не толку атрактивна група добија македонските надежи за играчи до 21 година. Србија ќе им биде противник на Европското првенство во Полска, потоа тука е Австрија која го загуби баражот од Шпанија и секако Русија, противник кој ќе биде сериозен кандидат за освојување на врвот во оваа конкуренција.

Квалификациите започнуваат на 20 март годинава три месеци пред одигрувањето на континенталниот собир во Полска, а ќе завршат во октомври 2018 година.

Само најдобрата репрезентација од сите девет групи ќе обезбеди директен пласман на завршниот турнир, додека второпласираната ќе се бори преку бараж.

Веста е прочитана 905 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.