ФУДБАЛ

МЛАДИНЦИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЕП ВО ПОЛСКА

12 June, 2017 - 14:52

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ,отпатува  кон Полска каде од 16  јуни ќе биде дел од 12 најдобри селекциии  кои ќе играат на ЕП-во.

 

Младинците се подготвени за историскиот настап на ЕП-во како прва македонска фудбалска селекција која изборила учество на Континентален  шампионат.

Постигнавме голем успех, во Полска патуваме со мислата дека ќе бидеме на посакуваното ниво, на турнир каде играат 12 најсилни репрезентации. Нашите противници се доста силни репрезентации, имаат голем потенцијал и поединечен квалитет, но тука е нашиот дух, ќе играме во ист ритам, пристапот нема да го менуваме. Никој не смее да го потцени моите момци во Полска-изјави на прес конфернцијата селекторот Благоја Милевски.

На ЕП во Полска,Македонија  ќе игра во групата Б,против Шпанија на 17 јуни,проптивник во 2.коло на 20 е Србија и на 23 јуни Македонија се среќава со Португалија.Победниците  од 3 групи и најдобро пласирана втора селекција влегуваат во полуфиналето.

Веста е прочитана 1628 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.