ФУДБАЛ

МЛАДИНЦИТЕ СЛАВЕА И ПРОТИВ ВРСНИЦИТЕ ОД БУГАРИЈА

28 March, 2017 - 19:57

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година славеше минимална победи над Бугарија со 1:0, во пријателски натпревар што се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Избраниците на Благоја Милевски заслужено се радуваа на новиот триумф откако целосно доминираа во пресметка со бугарските врсници во последната проверка пред настапот во јуни на Европското првенство во Полска. 

Марјан Радески во финишот од првото полувреме ја круниса одличната игра со единствениот погодок во финишот од првото полувреме. Тримфот ќе беше поубедлив доколку на четири минути пред крајот Петар Петковски го реализираше ударот од 11 метри. 

Репрезентацијата до 21 година на 12 средби нема пораз и ова веројатно беше последен тест натпревар пред Европското првенство кое ќе се игра во Полска од 16 до 30 јуни. 

Веста е прочитана 709 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.