ТЕНИС

МОНТЕ КАРЛО:НАДАЛ ПРОТИВ МОНФИС ВО ФИНАЛЕТО

16 April, 2016 - 21:53

 Рафаел Надал ќе игра против  Гаел Монфис во финалето на Мастерсот во Монте Карло.

 

Во првото полуфинале Надал  со пресврт и по речиси три часа игра го победи Енди Мари со 2:6, 6:4 и 6:2.

Шпанецот  по двегодишна пауза избори пласман во завршниот меч на Мастерс турнирот во Монте Карло каде има освоено осум  титули.

Рафа , в недела, ќе игра во своето јубилејно 100-то финале во кариерата и ќе се бори за својата 28-та титула на Мастерс турнирите против французинот Монфис  кој во второто полуфинале го совлада сонародникот Цонга со 6-1. и 6-3. 

Веста е прочитана 230 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.