ТЕНИС

МУГУРУЗА СЕНЗАЦИОНАЛНА ПОБЕДНИЧКА НА РОЛАН ГАРОС

4 June, 2016 - 18:57

Гарбиње Мугуруза е нова шампионка на „Ролан Гарос’’ вториот грен слем тениски турнир сезонава Отвореното првенство на Франција. Младата 22-годишна тенисерка од Шпанија во финалето за титулата во два сета ја доби најдобрата светска тенисерка Американката Серена Вилијамс.

До својот прв трофеј од големите турнири, Мугуруза стигна полесно од очекуваното. Иако во првиот сет беа одиграни дванаесет гејма на крајот и припадна на Мугуруза со 7:5. Сепак, во вториот таа беше и подобра па на фаворизираната Серена и препушти четири гејма и стана прва тенисерка од Шпанија со титула од Ролан Гарос по 1998 година кога последен пат славеше нејзината сонародничка Аранча Санчез-Викарио. 

Помладата од сестрите Вилијамс во 27 финале не успеа да стигне до 22 грен слем титула и да се израмни со славната Германка, Штефи Граф.

Ова е само вкупно трета титула во кариерата за Мугуруза, но сигурно најзначајна, по која шпанската тенисерка ќе забележи напредување од четири позиции на ВТА ранг-листата, која ќе биде објавена во понеделник.

Утре, во машкото финале за трофејот ќе се борат, двајцата најдобри тенисери, Србинот Новак Ѓоковиќ и Британецот Енди Мареј. 

Веста е прочитана 262 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.