ТЕНИС

МУР СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ТУРНИРОТ ВО ИНДИАН ВЕЛС

22 March, 2016 - 19:58

Рејмонд Мур си поднесе оставка на директорската функција од тенскиот турнир во Индијан Велс поради изјавата пред почетокот на женското финале дека тенисерките се „шлепаат“ на сметка на тенисерите.

Ова го соопшти сопственикот на првиот Мастерс од серијата 1000, Лери Елисон дека Мур се повлекол од местото извршен директор на турнирот во Калифорнија по 29 години минати на чело на ова спортско натпреварување.

Поранешниот тенисер од Јужна Африка ја разбранува јавноста со скандалозната изјава дека тенисерките треба да се спупштат на колена и да му заблагодарат на Господ што постојат тенисери како Рафаел Надал и Рожер Федерер кои го популаризираат белиот спорт.

Откако ја искоментира жешката тема за еднакви плати на тенисерите и тенисерките на грен слем турнирите американската тениска федерација соопшти дека тој е сексистичен а тоа причина поради големиот притисок од јавноста беше принуден да се повлече од функцијата.

Со Мур (69 години) единствено се сложи првиот рекет во светот Србинот Новак Ѓоковиќ, кој доби многу критики за овој став, додека најдобрата тенисерка Американката Серена Вилијамс жестоко реагираше на оваа понижувачка и навредлива порака.

Веста е прочитана 231 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.