КОШАРКА

МЗТ ЌЕ ИГРА ВО ЕВРОКУПОТ СО НОВ ТРЕНЕР

22 July, 2016 - 20:19

Актуелниот кошаркарски првак на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром денеска на прес-конференција и официјално го претстави Емил Рајковиќ како нов шеф на стручниот штаб, а воедно беше потврдено и учеството во Еврокупот.

Рајковиќ зад себе веќе има три шампионски титули во македонското првенство со екипата на Фени Индустри и два пехари во Купот на Македонија, како и титула во Еврохолд Балканската лига, минатата сезона предводејќи ја екипата на Сласк играше во финалето од Суперкупот на Полска.

- Чест ми е што ќе бидам тренер на МЗТ Скопје Аеродром и тоа во натпреварувања како Еврокупот и во АБА-лигата. Целите однапред ни се јасно детерминирани, а тоа е освојување на домашните титули. Учеството во Еврокупот, пак, ќе го искористиме за собирање искуство за што е можно подобар пласман во АБА-лигата, а тоа е место во горниот дел од табелата. Се надевам дека ќе формираме квалитетен состав и можам да ветам максимално посветено работење за да се исполнат целите на клубот. Задржувањето на Дамјан Стојановски, со кого во моментов сме во преговори и за чиј квалитет нема потреба да трошам зборови, е моја најголема желба во однос на играчкиот дел и искрено се надевам дека ќе остане и ќе биде дел од овие големи натпреварувања, изјави Рајковиќ на прес-конференцијата

Веста е прочитана 324 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.