КОШАРКА

МЗТ ПОБЕДНИК ВО СУПЕР КУПОТ

24 September, 2016 - 15:59

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата во домашниот Супер куп.Во финалниот меч,актуелниот македонски шампион синоќа  славеше минимална над Карпош Соколи од 87-84.Во неизвесен  финиш, најкорисниот кошаркар на Супер купот 2016, бекот на МЗТ Скопје Тори Томас со тројка на 6 секунди пред крајот ги разреши дилемите околу победникот.

Фаворитот подобро го отвори дуелот во СЦ Борис Трајковски,имаше предност на полувремето од 48-30,но  завршните 10 минути им припаднаа на  Карпош Соколи кои на крајот немаа сили за победнички исчекор. Тори беше најефикасен во финалето кај МЗТ со 19 поени,10 помалку од најдобриот стрелец на мечот,Кедрик Пери кошаркар  на Карпош Соколи.

Веста е прочитана 263 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.