КОШАРКА

МЗТ ПРОПУШТИ ШАНСА ЗА ТРИУМФ ВО БАР

10 December, 2016 - 21:48

МЗТ Скопје го доживеа деветиот пораз во Јадранската лига. Во Бар загуби од домашниот Морнар со минимални 65:64. Црногорците го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар освен во последниот период кој му припадна на македонскиот првак со 19:9. Во драматичниот финиш МЗТ Скопје пропушти шанса за триумф откако при 63:63 дозволи преку Ламонт Џонс домашниот тим да го реши мечот со кош на 3, 2 секунди до крајот. Во нив од слободни фрлања дополнителни пет минути не успеа да обезбеди Шарлон Клоф кој го промаши првиот удар.

Слабиот шут од само 34 проценти и само една тројка од 11 обиди беше главниот проблем поради кој тимот од „Јане Санднаски“ го доживеа деветиот пораз во кој Клоф и Јуре Лалиќ уфрлија највеќе по 14 поени. Антабија Волер со 11 поени беше најдобар стрелец кај Морнар, еден помалку запиша Џонс.

Идната сабота во Белград МЗТ Скопје повторно ќе игра во гости кај актуелниот првак Црвена Звезда.

Веста е прочитана 476 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.