КОШАРКА

МЗТ СКОПЈЕ ПОВЕДЕ СО 1 - 0 ВО ФИНАЛНАТА СЕРИЈА ПРОТИВ КАРПОШ СОКОЛИ

14 May, 2017 - 20:30

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во финалната серија од плеј офот откако вечерва на домашен терен го совладаа тимот на Карпош Соколи со 77:76 (19:21; 22:19; 12:21 и 24:15).

По изедначеното прво полувреме во третиот период гостите со серија од 9-0 имаа водство по 30 минути од 61:53. Но, првакот „се врати“ во последната четвртина откако имаше серија од 18:2 и на две минути пред крајот водеше со 76:67. Сепак Карпош Соколи со три тројки стигна до изедначување од 76:76. МЗТ Скопје преку Ксавиер Темс, кој реализираше едно од двете слободни фрлања поведе со 77:76 на 17 секунди пред крајот, а Доминик Мавра не го реализираше последниот шут за гостите.

Ѓорѓе Дреновац од МЗТ Скопје со 26 поени беше најефикасен, додека Кендрик Пери кај Карпош Соколи постигна 21 поен.

Натпреварот број 2 од финалната серија се игра во вторник од 20 часот во Вип Арената во СЦ „Борис ТРајковски“.

Веста е прочитана 1226 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.