АБА ЛИГА

МЗТ СКОПЈЕ ЗАГУБИ ВО НОВО МЕСТО

13 November, 2016 - 18:11

МЗТ Скопје го доживеа седмиот пораз во кошаркарската АБА лига. На гостувањето во Ново Место беше совладан од домашната Крка со 97:87 во рамките на деветото коло од Регионалното натпреварување.

Македонскиот првак беше конкурентен само во првиот период кој го доби со 30:25, пред на одморот да замине со предност од само половина кош 43:42. Словенечкиот тим мечот го реши во третата четвртина во која беше доминантен со 31:18 и веќе го најави петиот триумф. Тимот од Јане Сандански доцна се разбуди бидејќи од минус 19 во 34 минута успеа да ја спушти негативата на само 10 поени на две минути пред крајот, разлика со која загуби седми пат во Јадранската лига.

Во новиот пораз кај МЗТ Скопје Даниел Кларк и Стефан Синовец двајацата со по 16 поени беа најефиксани, додека во домашниот тим пет играчи беа двоцифрени а прв стрелец беше Матеј Ребец со 24 поени.

Тимот од „Јане Сандански“ во следниот меч ќе биде домаќин на 18 ноември кога се среќава со ФМП.

Веста е прочитана 377 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.